LUKOIL - Нафтена Компанија
ENG МАК
HomeSitemap
 

- Со ЛУКОИЛ картичките е многу едноставно.

Дали се прашувате зошто?more

- КВАЛИТЕТ на светско ниво

LUKOIL МАСЛАmore

За Компанијата

За ЛУКОИЛ Македонија

ЛУКОИЛ Македонија ја почна својата комерцијална дејност на 17-ти август 2005 година, согласно Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и нафтената компанија
ОАД ЛУКОИЛ.
Првата бензинска станица во Македонија почна со работа на 1 септември, а официјално, со свеченост на која присуствуваше и премиерот на Република Македонија, беше пуштена во употреба на 8 септември 2006 година. Овој објект се наоѓа на влезот во Скопје, поточно во населбата Камник.

Во август 2005 година свечено беше отворен и нафтениот склад во Штип, кој во моментов е во 100% сопственост на ЛУКОИЛ Македонија.

ЗА ОАД „ЛУКОИЛ“

ОАД ЛУКОИЛ е една од водечките компании за нафта и гас во светот, со дејност која се протега од пронаоѓањето на нафта и гас, до преработка и производството на нафта и нафтени деривати и нивна дистрибуција. Главната база се наоѓа во Западен Сибир, но, целокупната активност на ЛУКОИЛ се протега во 49 земји во светот, меѓу кои и во Република Македонија.
ОАД ЛУКОИЛ поседува 1,3% од светските нафтени резерви и 2,1% од глобалното производство на нафта. Според сопствените резерви на јаглеводороди, пак, ЛУКОИЛ претставува втора по големина приватна нафтена компанија во светот.
Компанијата поседува импресивна лепеза на производствен капацитет, со наоѓалишта на нафта во Казахстан, Египет, Азербејџан, Узбекистан, Саудиска Арабија, Иран, Колумбија, Венецуела и Ирак.
Продажната мрежа на ЛУКОИЛ денес се простира во
  околу 30 земји во светот, меѓу кои: Русија, Белорусија, Грузија, Молдавија, Украина, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Хрватаска, Унгарија, Кипар, Босна и Херцеговина, Турција, Латвија, Литванија, Полска, Србија, Романија, Чешка, Естонија и САД.

Мапа
Линкови од наши соработници





ЛУКОИЛ Македонија © 2006
Бул. Партизански Одреди бр.18, 1000 Скопје Р. Македонија
тел.: +389 (0)2 32 93 033
факс: +389 (0)2 32 93 021
E-mail: lukoilmacedonia@lukoil.com.mk
Тим за поддршка
Optima Web Design