Бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија
Употребата на најновите технологии во рафинирањето на нафтените деривати на нашите потрошувачи им дозволува да го почувствуваат тоа што досега не беше достапно за нив: зголемени перформанси на нивните автомобили, а при тоа намалена потрошувачка и намалено загадување на околината. Опременоста на нашите бензински станици е на највисоко ниво, започнувајќи од резервоарскиот простор за складирање гориво, кој е во согласност со највисоките технички и еколошки норми, опремен со двојни ѕидови кои во секој момент се надгледуваат со електронски мониторинг-систем против истекување, 4 пумпни автомати за течни горива и 1 за ТНГ-автоплин, кои дозволуваат истовремено опслужување на 10 возила, мерни сонди за контрола на состојбата на горивото во резервоарот, опремени со алармен уред во случај на присуство на вода или на талог, систем за поврат на пареи (vapor recovery) кои не дозволуваат слободна евапорација на пареите од нафтените деривати и овозможува нивно кружно движење во затворен систем. Секоја бензинска станица располага и со минимаркет и со кафе-бар со тераса, во кој потрошувачите можат да се снабдат со секаков вид прехранбени, козметички и други видови производи. Првата бензинска станица на „Лукоил Македонија“ почна со работа на 1.9.2006 година, во месноста „Камник“, на влез на Скопје, во Автокоманда.
Досега се пуштени во употреба вкупно 10 БС: 4 во Скопје, во населбите Кисела Вода, Автокоманда, Аеродром, на превојот Стража, во Штип, во Прилеп, во Битола, во Струмица и во Велес.
Услугата на нашите бензински станици ја врши високо обучен кадар, кој во секој момент може да одговори на барањата на потрошувачите. Љубезноста и ориентираноста кон потрошувачите се главната одлика на нашите вработени.
|