Со задоволство Ви ја претставуваме новата ЛУКОИЛ картичка за безготовинско плаќање за купените горива, стоки и користените услуги на нашите бензински станици. ЛУКОИЛ картичките можете да ги добиете брзо и едноставно и притоа да ги имате во неограничен број.
Со нивно користење добивате 24-часовна достапност до висококвалитетни горива, различни типови на производи и услуги на нашите објекти, ажурна евиденција и точна контрола на се што сте купиле во одреден период и во секое време, на Ваше барање, ќе добиете точни податоци за состојбата на вашата ЛУКОИЛ картичка.
Можноста за избор на типот на ЛУКОИЛ картичката зависи од степенот на потребите и ограничувањата на одреден корисник на картичките:
· Тип на картчка за сите видови горива, стоки и услуги кои ги нудат бензиските станици на ЛУКОИЛ Македонија
· За сите видови горива
· Исклучиво за дизел гориво
Исто така, нашиот клиент може да избере и тип на ЛУКОИЛ картичка во зависност од овластените корисници на картичките, односно, таа може да гласи:
· на регистарски број на возило
· на определено физичко лице
· на име на фирма (без ограничување на подносителите и возилата за кои ќе се користат картичките)
Заштитата на клиентот од злоупотреба на ЛУКОИЛ картичките се обезбедува со задолжително внесување на персонален идентификациски број (ПИН) при секое користење на картичките.
За сите дополнителни информации обратете се на нашите контакт телефони: