ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

ЛУКОИЛ картички

Со задоволство Ви ја претставуваме новата ЛУКОИЛ картичка за безготовинско плаќање за купените горива, стоки и користените услуги на нашите бензински станици. ЛУКОИЛ картичките можете да ги добиете брзо и едноставно и притоа да ги имате во неограничен број.

ЛУКОИЛ картичката е платежна картичка за денарско плаќање и важи само во Р. Македонија. Оваа картичка Ви служи за плаќање при купување на целиот асортиман на бензинските станици наЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје. 

Со нивно користење добивате 24-часовна достапност до висококвалитетни горива, различни типови на производи и услуги на нашите објекти, ажурна евиденција и точна контрола на се што сте купиле во одреден период и во секое време, на Ваше барање, ќе добиете точни податоци за состојбата на вашата ЛУКОИЛ картичка.
Можноста за избор на типот на ЛУКОИЛ картичката зависи од степенот на потребите и ограничувањата на одреден корисник на картичките:

  • Тип на картичка за сите видови горива, стоки и услуги кои ги нудат бензиските станици на ЛУКОИЛ Македонија.

  • За сите видови горива.

  • Исклучиво за дизел гориво.

Исто така, нашиот клиент може да избере и тип на ЛУКОИЛ картичка во зависност од овластените корисници на картичките, односно, таа може да гласи:

  • на регистарски број на возило.

  • н а име на фирма (без ограничување на подносителите и возилата за кои ќе се користат картичките).

Заштитата на клиентот од злоупотреба на ЛУКОИЛ картичките се обезбедува со задолжително внесување на персонален идентификациски број (ПИН) при секое користење на картичките.

Долгогодишната практика на компанијата ЛУКОИЛ покажа дека нашите клиенти се најзадоволни кога условите под кои се издава ЛУКОИЛ картичката ги приспособуваме на нивните деловни потреби.

Особено ако вашата фирма има голем возен парки или, пак, поголем број на транспортни средства, ЛУКОИЛ картичката е многу поволна бидејќи, покрај другите предности, имате и детална евиденција за испорачаното гориво.

За повеќе информации обратете се на следниот телефонски број +389023293026.

Е-маил: LukoilKarticki@lukoil.com.mk

  • Барање за Лукоил картички 

  • Општ договор за картички

  • Податоци за уплата

Онлајн проверка на сметка

Почитувани клиенти, За влез во апликацијата и проверка на вашата сметка, кликнете на линкот:

При склучување на договор со ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје за работа со Лукоил картички потребно е да ги знаете следниве информации:

1. Читко и јасно се пополнува барањето во прилог

2. Договорот потребно е да се достави во дирекција или на било која бензинска станица во оригинал во 2 примерока.

3. Изработката на картичките е 3 работни дена од добивање на барањето.

4. Клиентот може да има неограничен број на картички

5. Картичките се на сметка на Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје

6. Картичките може да се ограничат само за дизел гориво, за сите видови горива или за сите стоки и услуги на Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје.

7. Картичките можат да бидат на само на име на фирма или на име на фирма и регистерски број на возило.

8. Доколку картичките бидат на регистерски број на возило, ниедно друго возило нема да може да точи на бензинските станици освен наведеното.Контролата ја вршат касиерите на нашите објекти.

9. Принципот регистерски број на возило соодветен со регистерски број на картичка е направен за заштита на клиентот и секако за да се избегне злоупотреба на службените средства.

10. Секоја картичка има свој сериски број и пин код.

11. Секоја картичка нема посебен лимит. Лимитот на уплатените средства се распоредува по клиент, а не по картичка.Тоа значи дека сите картички трошат од вкупниот износ на клиентот.

12. На крајот од секој месец добивате фактура со износот на потрошеното гориво.Заедно со фактурата следи и прилог со спецификација колку е потрошено од секоја картичка посебно.

13. Во текот на 24 часа, 7 дена во неделата имате пристап кон серверот на Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје,со ваше корисничко име и лозинка каде што во секое време можете:

• да го проверите вашето моментално салдо
• да генерирате извештај за продажбите
• да ја промените Вашата лозинка
• да ги проверите тековните известувања

Извештаите за продажба  ги содржат следниве информации

□ Серискиот број на Вашата картичка
□ Датум и час на полнење
□ Регистерски број на возилото (доколку има на самата картичка)
□ Број на испратницата
□ Име на артикл
□ Единечна цена на артиклот
□ Количина
□ Вкупен износ
□ Бензинска станица
□ Километража (доколку е внесена на самиот објект од купувачот)

14. За секое точење на објект, добивате испратница потпишана од нашиот касиер и вашиот возач.

15. Секоја испратница е изразена во спецификацијата,која што се праќа во прилог со фактурата на крајот на месецот.

 

 
  

​Контакт лице:

Даниел Јакимовски

Богданчо Андреев  ​

023293036

023293021