ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

ЛУКОИЛ картички

Со задоволство Ви ја претставуваме новата ЛУКОИЛ картичка за безготовинско плаќање за купените горива, стоки и користените услуги на нашите бензински станици. ЛУКОИЛ картичките можете да ги добиете брзо и едноставно и притоа да ги имате во неограничен број.

ЛУКОИЛ картичката е платежна картичка за денарско плаќање и важи само во Р. Македонија. Оваа картичка Ви служи за плаќање при купување на целиот асортиман на бензинските станици наЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје. 

Со нивно користење добивате 24-часовна достапност до висококвалитетни горива, различни типови на производи и услуги на нашите објекти, ажурна евиденција и точна контрола на се што сте купиле во одреден период и во секое време, на Ваше барање, ќе добиете точни податоци за состојбата на вашата ЛУКОИЛ картичка.
Можноста за избор на типот на ЛУКОИЛ картичката зависи од степенот на потребите и ограничувањата на одреден корисник на картичките:

  • Тип на картичка за сите видови горива, стоки и услуги кои ги нудат бензиските станици на ЛУКОИЛ Македонија.

  • За сите видови горива.

  • Исклучиво за дизел гориво.

Исто така, нашиот клиент може да избере и тип на ЛУКОИЛ картичка во зависност од овластените корисници на картичките, односно, таа може да гласи:

  • на регистарски број на возило.

  • на име на фирма (без ограничување на подносителите и возилата за кои ќе се користат картичките).

Заштитата на клиентот од злоупотреба на ЛУКОИЛ картичките се обезбедува со задолжително внесување на персонален идентификациски број (ПИН) при секое користење на картичките.

​Богданчо Андреев​

023293036

023293021