Оценката, која се однесува на достигнувањето на највисокото економско ниво во рентабилната добивка, е извршена во согласност со стандардите на Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД (SEC).
ОАД ЛУКОИЛ реши да ја спроведе оценката на резервите според SEC стандардите заради обезбедување на поголема транспарентност и можноста за споредба на податоците за резервите во однос на своите конкуренти.
Во оценката беа вклучени и измените во плановите за разработка на наоѓалиштата, утврдени од страна на Советот на директори на Компанијата на 19 ноември 2009 година и се во состав на Програмата за стратешки развој на Компанијата за 2010-2019 година.
Согласно барањата на SEC, за признавање на докажаните, но, неразработени резерви, потребен е усвоен план за разработка. Во тој план треба да е вклучен и почеток на разработката на резервите во следните пет години, доколку заради определени околности рокот за почеток на работите не биде продолжен.
Заедно со измените на плановите за разработка и роковите за воведување во експлоатација на неколку наоѓалишта, Компанијата прераспредели 1,8 млрд. барели нафтен еквивалент од докажаните резерви, во категориите резерви од пониски категории и во ресурси. Компанијата смета дека овие количества повторно можат да бидат прераспределени во докажани резерви според редоследот на приближување на роковите за нивна експлоатација или примената на нови технологии.
Во 2009 година, категоријата докажани резерви беше проширена за сметка на геолошките истражувања, експлоатациските дупчења и купувањата и изнесуваше 782 млн барели нафтен еквивалент, што претставува 95% од годишниот обем на производство на нафта.
За основна зделка во 2009 година се смета откупот на учеството од 46% во компанијата LUKARCO B.V., на којашто, пак, и припаѓа 5% од заедничкото претпријатие „Тенгизшевроил“ кое ги експлоатира Тенгизиското и Королевското наоѓалиште во Казахстан. Како резултат на оваа зделка, докажаните резерви на Компанијата се зголемија за 102 млн барели нафта и 130 млрд кубни фути гас.
Па така, според обемот на докажани резерви на јаглеводороди, ЛУКОИЛ и понатаму останува еден од лидерите меѓу руските и меѓународните компании.
Резерви на нафта и гас на групацијата ЛУКОИЛ
|
На 1 јануари 2010 година |
Нафта |
Гас |
Нефта + гас* |
|
|
млн барели |
млрд куб.фут |
млн баррели н.е. |
|
Докажани резерви |
13 696 |
22 850 |
17 504 |
|
во таа смисла: |
|
|
|
|
Во тек на разработка |
8 827 |
7 795 |
10 126 |
|
Неразработени |
4 868 |
15 055 |
7 377 |
|
Веројатни резерви |
7 293 |
15 163 |
9 |

|