LUKOIL - Нафтена Компанија
ENG МАК
HomeSitemap
Новости
Фотогалерија
 

- Со ЛУКОИЛ картичките е многу едноставно.

Дали се прашувате зошто?more

- КВАЛИТЕТ на светско ниво

LUKOIL МАСЛАmore

Новости


ЛУКОИЛ, VANCO И GNPC открија нафта на брегот на Гана

01.03.2010

Претседателот на ОАД ЛУКОИЛ Вагит Алекперов и претседателот на Република Гана, Џон Милза, на средбаТА што се одржа на 26 февруари во градот Акра, објавија дека конзорциумот во состав ЛУКОИЛ Оверсиз (56,66%), американскиот Vanco (28,34%) и државната Ghana National Petroleum Corporation, GNPC (15%) откри големи резерви на јаглеводороди во делот наречен Ѕата блок - Cape Three Points Deep Water, којшто се наоѓа во Гвинејскиот залив, на брегот на Гана.

Површината на блокот изнесува околу 5,2 илјади км2 при длабочина на водата од 200 до 3000 м. Структурата на Ѕата исто така се простира на длабочина од околу 2 км. Бушотината Ѕата-1, која беше продупчена на длабочина од околу 4,5 илјади метри под морето, откри јаглеводородно богати колонади со вкупна должина од 94 м, кои во себе содржат повеќеслојни нафтеногасни лежишта со ефективна моќност од 25 метри. Главниот песочен колектор содржи гас и лесна нафта. Бушотината е продупчена со помош на полусвиткана платформа за длабинско дупчење и систем за динамичко позиционирање. Во моментов, дупчењето е завршено, бушотината е затворена и конзервирана. Се претпоставува дека овие резерви се прилично големи и затоа за нивна подетална оценка и комерцијално користење планирано е спроведување на дополнителни геолошки истражувања.

Договорот за истражување и разработка на блокот Cape Three Points Deep Water беше потпишано во 2002 година. Во 2005 година таму беа спроведени инженерско-геолошки испитувања и сеизмички 3Д испитувања во дијаметар од 1,5 илјади км2. ЛУКОИЛ влезе во проектот во 2007 година. На 1 април 2009 година владата на Гана потиша нов договор со ЛУКОИЛ, Vanco и GNPC за истражувања и разработка на блокот, којшто беше ратификуван и од парламентот на Гана на 30 јуни 2009 година.

„Откритието во структурата Ѕата само ја потвердува високата надежност на подводниот брег на Гана и создава можност за ефективна експлоатација на јаглеводородните ресурси со примена на најнапреднти технологии“ – изјави претседателот на ОАД ЛУКОИЛ, Вагит Алекперов.




Мапа
Линкови од наши соработници





ЛУКОИЛ Македонија © 2006
Бул. Партизански Одреди бр.18, 1000 Скопје Р. Македонија
тел.: +389 (0)2 32 93 033
факс: +389 (0)2 32 93 021
E-mail: lukoilmacedonia@lukoil.com.mk
Тим за поддршка
Optima Web Design