Отворена 29-та бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија, а трета во Битола
среда, 21 март 2018
ЛУКОИЛ Македонија ја отвори 29-та по ред бензинска станица во Македонија, а трета по ред во Битола.На површина од 2400 м2 бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата. Таа се наоѓа ул. Воден бр. 20 Битола, на излез од Битола кон Грција. На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман, wi-fi и други поволности.