ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Незаборавно искуство на терените на Московскиот стадион „Лужники“

{ 23.07.2018 00:00:00 }

Михаил Лазарев беше среќниот добитник на наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија кој заедно со својата сопруга доби можност да присуствуваат на финалниот меч помеѓу тимовите на Франција и Хрватска минатата недела.

Од патувањето донесоа преубави спомени и се задоволни од комплетната организација на патувањето. Најмногу од сè како што велат им се допаднала традиционалната градба на знаменитостите во чија внатрешност е претставен сиот модерен свет. Љубители се на далечни патувања и ова за нив претставуваше само уште едно ново доживување кое ќе го паметат по натпреварувачката еуфорија, руската гостопримливост и беспрекорната организација на мундијалот. Искуството несебично го споделуваат со сите пријатели и се горди на убаво поминатите денови во Москва. Конкретно за финалниот натпревар велат дека владеело невидена еуфорија каде хрватите дефинитивно беа водечки во својата навивачка способност. И покрај победата на Франција беа среќни и несебично и следните денови ја разведрија Москва.

„Би сакал да им се заблагодарам на ЛУКОИЛ Македонија  за укажаната можност да бидеме дел од еден ваков историски настан кој ќе се памети.“, раскажува Михаил.

 

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани