ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Заврши наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија, извлечен среќниот добитник на главната награда

{ 21.12.2018 00:00:00 }

По тримесечната наградна игра  ЛУКОИЛ Македонија пред прагот на Новата Година го испрати СЕАТ Леонот во рацете на Саит Аљи од Скопје. Наградната игра  започна на 1 октомври и официјално заврши на 14 декември 2018 година.

Г-динот Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија, по повод успешно завршената наградна игра изјави: „Ова е најубавиот дел од мојата работа. Наградните игри кај нас се редовна пракса, бидејќи сметаме дека полнењето гориво не е само рутинска должност кога патуваме, туку тоа е можност нашите ценети корисници да добијат нешто повеќе. На среќниот добитник му посакуваме многу опуштени и возбудливи поминати километри и му ветуваме беспрекорна поддршка низ патиштата во Македонија“, срдечно изјави г-динот Куку.

„Кој би очекувал дека полнењето гориво може да ти донесе еден ваков автомобил“, вели добитникот на главната награда од последната наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија „Полни гориво на ЛУКОИЛ и добиј СЕАТ Леон”. „Би сакал да упатам огромна благодарност за укажаната можност да бидам сопственик на овој убавец, се надевам не чекаат многу возбудливи патувања и удобно возење“, вели Саит.

На доделувањето на СЕАТ Лeон честитки на добитникот му упати и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија г-динот Сергеј Александрович Баздникин. „Tрадиционално, на прагот на празниците, ЛУКОИЛ Македонија и годинава се погрижи да ги дарува своите клиенти. Па така денес на оваа свечена церемонија на г-динот Саит Аљи од Скопје, наш лојален потрошувач на гориво, му честитаме и му посакуваме уште многу среќа во годината која следува.“

Добитниците од сите извлекувањата кои се вршеа во 5 кола, можете да ги најдете на веб страниците www.lukoil.com.mk и на микросајтот на наградната игра - www.lukoiltenagraduva.mk.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани