ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Фудбалската екипа на ЛУКОИЛ супериорна против Систина за влез во F4 во бизнис лигата

{ 29.04.2014 00:00:00 } На 28.04.2014, екипата на Лукоил го одигра нокаут натпреварот за влез во најдобрите 4.

Натпреварот го отвори екипата на Лукоил преку Борче Василев во 3’ кој постигна гол по кој нашата екипа доби голема самодоверба, за да може поофанзивно да влезе во натпреварот уште на самиот старт. Кај Систина  беше воочлива несигурноста пред се во делот на нападот, се до 8’ ​​кога преку Даниел Боневски го изедначи натпреварот и влезе во посакуваниот ритам. Но, расположениот Борче Василев беше стрелец на уште еден гол за водство на Лукоил на полувремето од 2-1. Во второто полувреме Систина уш​​те на самиот старт фати резултатски приклучок, но по груб старт остана со играч помалку. Тоа вешто го искористи екипата на Лукоил, оствари значителна предност која во вакви “инфаркт“ натпревари е надостижна и го доби овој натпревар со 7-2.На 05.05.2014, во 19:30, во салата Борис Трајковски, екипата на Лукоил, ќе го одигра дуелот за пласман во финалето против ЈСП.​

  • Вест во формат PDF