МОДЕРНИЗИРАНИ БЕНЗИНСКИТЕ СТАНИЦИ ВО СТРУМИЦА И ГЕВГЕЛИЈА СОГЛАСНО НОВИОТ КОРПОРАТИВЕН СТИЛ НА ЛУКОИЛ
четврток, 21 март 2024
ЛУКОИЛ Македонија ги модернизираше бензинските станици во Струмица, на ул. Индустриска зона Север бр.27 и Гевгелија на влез во Македонија, автопат Е75, А1 Богородица, според новиот корпоративен стил на ЛУКОИЛ.
На бензинските станици во Струмица и Гевгелија потрошувачите можат да се снабдат со брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, гориво кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, широк спектар на масла од палетата на ЛУКОИЛ, голем избор на дополнителен асортиман во маркетите, бесплатен wi-fi, вкусно кафе, да направат пауза за одмор на модерните летни тераси и многу други поволности.
Ве очекуваме.