ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Наградна игра за сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност

{ 09.12.2022 10:11:45 }

​​ЛУКОИЛ Македонија организираше наградна игра за  членовите на ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност.  Учество во наградната игра  ќе можат да земат сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе соберат минимум  4 поени при извршување трансакција преку својата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и ќе испратат СМС порака на бројот 14775, со следнава содржина: БРОЈ НА СЛИП–СМЕТКА (празно место) LUKOIL (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЛИП – СМЕТКА (пример на формат за СМС порака:12345 LUKOIL 16:03). Цената на СМС пораката е 5,9 денари со вклучен ДДВ.

Наградната игра трае од 24.10.2022 година до 25.12.2022 година. Во тој период ќе бидат доделени вкупно 1  ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, 8  ваучери за пнeвматици во вредност од 12.000 денари, 32  ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и 20 ланци за гуми.  Извлекувањето ќе биде по случаен избор, секоја втора недела, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 26.12.2022 година ќе биде извлечена главната награда – ваучер за патување во вредност од 250.000 денари. Во секое двонеделно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од  две недели меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда. Добитниците на награди од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето во дневниот весник „Нова Македонија“.

Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на  072/917-005, каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот. Она што е важно за сите корисници што ќе учествуваат е дека треба да ги чуваат слип-сметките од кодовите што ќе ги пратат, со цел да ги прикажат како доказ при освојување една од наградите.

На сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ им посакуваме среќа.

  • Вест во формат PDF