ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Отворање на нова Бензинска станица на ЛУКОИЛ во Желино

{ 03.04.2014 00:00:00 }

​​​​ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје ја отвори својата дваесет и петта бензинска станица во Македонија, во Желино. Бензинската е лоцирана на Магистрален пат М4, Тетово- Скопје и се простира на  2000 м2. Пумпата располага со четири диспанзери за точење гориво,  апарат за вода – воздух, како и современ мини маркет и кафе бар со тераса. На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да наточат од горивото „ЕКТО“, течен нафтен гас, да се снабдат со ЛУКОИЛ масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман.

Бензинската станица располага со wi-fi, паркинг и други поволности.
Ве очекуваме! ​
  • Вест во формат PDF