ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Најдобар во својата професија

{ 12.07.2017 00:00:00 }

​​Во текот на месец јуни во "ЛУКОИЛ Македонија"  беше одржана првата фаза од натпреварот за изборот "Најдобар во професија" во следните професии:

- Оператор на бензинска пумпа (работа при прием и евиденција на нафтени деривати)

- Оператор на бензинска пумпа  (работа во маркет на бензинска пумпа -  продавач)

На натпреварот, во овие две специјалности, учествуваа вкупно  43  натпреварувачи, по двајца учесници од секоја бензинска станица. Натпреварот се состоеше од два дела:

Во првата фаза на конкурсот натпреварувачите беа тестирани за познавање на правилата и стандардите на компанијата, работење согласно утврдениот правилник за дополнителен асортиман и мерчедајзинг.

Втората фаза од натпреварот  беше практичен на кој натпреварувачите ги покажаа своите знаења  за работа при  одредена температура и густина на нафтени деривати и начин на оформување на документацијата како и начин на давање на услуги на клиентите на бензинските на ЛУКОИЛ.

Конкурсот "Најдобар во Професија"  во "Лукоил Македонија"  се одржа по четврт пат.

Во 2015 година, "ЛУКОИЛ Македонија" учествуваше на осмиот конкурс на професионалните вештини на организации на Групацијата  "Лукоил", "Најдобар во професија" во Уфа, Башкортостан .

Според резултатите од конкурсот за најдобар во својата професија оваа година беа:

- Оператор на бензинска пумпа (работа при прием и евиденција на нафтени деривати):

1. Александар Рунтевски БС Камник

2. Борче Јаковлевски    БС Прилеп
3. Анкица Златевска    БС Аеродром

- Оператор на бензинска пумпа  (работа во маркет на бензинска пумпа -  продавач)

1. Милена Богдановска   БС Куманово 1
2. Јулија Блажеска     БС Охрид
3. Викторија Трајкоска  БС Битола 1

Најдобрите претставници во месец август ќе ја претставуваат "ЛУКОИЛ Македонија" на деветиот конкурс кој ќе биде одржан во градот Перм.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани