ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

„Денот на работниците во нафтената и гасна индустрија„

{ 31.08.2017 00:00:00 }

Драги колеги!

Ви  го честитам празникот „Денот на работниците во  нафтената и гасна индустрија„!

Минатата година, одбележувајќи го професионалниот празник, започнавме нови проекти кои ги зај​акнаа темелите за развој на Компанијата  десет години однапред - местонаоѓалиштето под назив Владимир Филановски во Каспиското Море, на чие што отварање присуствуваше рускиот претседател В.В. Путин и местонаоѓалиштето Пјакјахински на Јамал.

Исто така, завршена е повеќегодишната програма за модернизација на инфраструктурата за преработка на нафта, за која ги имаме  сите причини да се гордееме. На рускиот пазар се појави нашето ново иновативно гориво. За клучните финансиски показатели од минатата година се најдовме помеѓу светските лидери, кои позитивно се одразија во растот на капитализацијата на Компанијата.

Ова се основните, но не и сите наши успеси.

Благодарност за добросовесната работа на секој вработен во ЛУКОИЛ - од Далечниот север и нафтената платформа, во работилници и лаборатории, канцеларии и бензински станици.

Ние отсекогаш се стремиме да ги исполнуваме сите  обврски кон нашиот многуброен колектив, државата и општеството, така и ќе продолжиме.

Од дното на душата  ви го честитаме професионалниот празник! Ви посакуваме здравје, благосостојба во семејството и нови достигнувања!

 

Вагит Алекперов,      
Претседател ПАО «ЛУКОИЛ»                                                                       

Георгиј Кирадиев,
Претседател на Советот
МОПО ПАО «ЛУКОИЛ»    

 Драги колеги,

Од срце Ви го честитам корпоративниот празник Денот на работниците во нафтената и гасна индустрија!

Нашата работа не е лесна, таа бара посветеност, одговорен, професионален пристап, многу енергија и време.

Имено, од нашето заедничко заложување  зависи и иднината на нашата Kомпанија. Поради тоа, би сакал да се заблагодарам за стремежите кон постигнување на повисоки цели.
Нека  вашиот живот биде исполнет со радост и среќа, со леснотија да ја совладувате секоја препрека, вашите блиски и вашите колеги да ве ценат и почитуваат.
Ви посакувам успех, здравје, среќа во семејствата и благосостојба!

 

Игор Семеничев,
Раководител на Балканското МРО

 

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани