ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Отворена 28 бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија во Скопје, Трубарево по новиот корпоративен стил

{ 15.02.2018 00:00:00 }

ЛУКОИЛ Македонија  на 15 февруар ја отвори новата 28 по ред бензинска станица во Скопје, Трубарево, Општина Гази Баба.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото  побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман како и високо-професионални услуги од персоналот. 

Бензинската станица e изградена по новиот корпоративен стил на Компанијата, се наоѓа ул.1, бр.111, Трубарево, Гази Баба во Скопје, со 11 вработени, се простира на 3.000 м2 и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни и тешки моторни возила,wi-fi и други поволности. Во кругот на бензинската станица се наоѓа центар за технички преглед на возила.

„Горди сме што успеавме да ја отвориме 28 бензинска станица  и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. Оваа бензинска станица како и останатите  ги следи светските трендови, новите критериуми и  нуди висококвалитетни горива и ниво на услуги за да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи “ - изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија. 

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани