ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Започна новата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија

{ 01.10.2018 00:00:00 }

Денес официјално започна новата, голема наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија, под наслов „ПОЛНИ ГОРИВО НА ЛУКОИЛ И ДОБИЈ СЕАТ ЛЕОН”. Наградната игра ќе трае од 1 октомври до 14 декември 2018 година, а како и во досегашните наградни игри на ЛУКОИЛ, условите и начинот на учество се многу едноставни, а наградите се навистина вредни.

Се‘ што треба да направите е да наполните гориво во износ над 1.000 денари во било која од бензинските станици на ЛУКОИЛ во нашата држава, и да го испратите бројот од фискалната сметка на телефонскиот број 149 499, а извлекувањата на добитниците ќе се вршат на секои две недели.

Најсреќниот добитник ќе ја има можноста да добие нов автомобил Seat Leon 1.6 TDI 90 KC, а покрај главната награда верните потрошувачи ќе бидат наградени и со таблети Samsung, масла ЛУКОИЛ Генесис C3 5W-40 SN/CF 4 /1 и Лукс 10W-40, SL/CF 4/ 1, 50 комплети за автокозметика Сонакс и 50 ваучери за гориво во износ од 1000 денари.

„Традиционално продолжуваме и понатаму да ги изненадуваме и даруваме нашите корисници преку нова наградна игра. Нашето мото е секогаш задоволни потрошувачи, но нивната лојалност кон нас вреди многу и затоа се трудиме секогаш тие да добијат нешто повеќе од очекуваното. Полнењето гориво не мора да е рутина, нашата идеја е секој кој ќе застане на бензинските станици на ЛУКОИЛ да може во пријатна атмосфера да го испие своето кафе, да добие интернет врска и во пријатна атмосфера со помош на нашите вработени да го подготви автомобилот за пат. Од 1 октомври сите потрошувачи стануваат потенцијални добитници на вредни награди, а најсреќниот ќе го има задоволството да се вози во новиот Сеат Леон. Им посакувам на сите среќа и ја прогласувам наградната игра за започната!“, изјави Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Извлекувањата ќе се вршат во 5 кола,  а веќе првите добитници ќе бидат извлечени на 15.10. Понатаму датумите кои треба да ги запомните се  29.10, 12.11, 26.11, и главното извлекување кога ќе биде доделен автомобилот е на 14.12.2018 година.

Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации за наградната игра на веб страниците www.lukoil.com.mk и на микросајтот на наградната игра- www.lukoiltenagraduva.mk. По овој повод, отворена е и телефонска линија за поддршка на прашањата во врска со наградната игра преку инфолинијата (02) 3 2017 667 која функционира секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани