ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА – ДОМАЌИН НА ПЕТТИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ НА БАЛКАНСКАТА МЕЃУРЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА „ЛУКОИЛ“ ВО ОХРИД

{ 01.06.2021 00:00:00 }
Во периодот од 27 до 30 мај 2021 година во Охрид, Македонија, беа одржани петтите спортски игри на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ. Во него зедоа учество вработените од „ЛУКОИЛ Србија“, „ЛУКОИЛ Хрватска“, „ЛУКОИЛ Црна Гора“, „ЛУКОИЛ Бугарија“ и, се разбира, домаќинот „ЛУКОИЛ Македонија“.
Директорот на „ЛУКОИЛ Македонија“, раководител на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ,  Денис Рјупин, кој свечено ги отвори игрите, истакна дека со организација на овој вид настани се поттикнува позитивниот дух на вработените преку натпреварување и дружење.

Вработените се натпреваруваа во повеќе дисциплини: фудбал, баскет, народна, одбојка, пинг-понг, пикадо, шут за три поени, игри без граници во машка, женска и мешана конкуренција.

Тимот на домаќинот „ЛУКОИЛ Македонија“ се покажа во најдобро светло со освојување на првото место во главните дисциплини фудбал и баскет. Во вкупниот пласман, тимот на „ЛУКОИЛ Србија“ беше победник, на второ место следуваше тимот на „ЛУКОИЛ Хрватска“, на трето место „ЛУКОИЛ Македонија“ и потоа „ЛУКОИЛ Црна Гора“ и „ЛУКОИЛ Бугарија“. Најдобрите натпреварувачи што учествуваа во најголем број спортови беа Марко Драгутиновиќ во машка конкуренција од екипата на „ЛУКОИЛ Србија“, и Радмила Бошковска, како најдобар женски натпреварувач од домашниот тим на „ЛУКОИЛ Македонија“. Во духот на натпреварувањето, награди за фер плеј и најдобра публика доби тимот на „ЛУКОИЛ Црна Гора“.

„Задоволство беше што ’ЛУКОИЛ Македонија‘ ја имаше можноста да биде домаќин на овој настан. Со организацијата на спортските игри придонесуваме за зајакнување на тимскиот дух преку дружење на вработените од целиот регион. Нашите вработени се нашиот приоритет, а нивната мотивација и личниот развој се од огромно значење за сите наши успеси“, изјави Андреј Куку, регионалниот управител на „ЛУКОИЛ Македонија“.

Настанот беше организиран согласно сите протоколи за безбедност,а учесниците уживаа во убавиот Охрид. Овој вид настани се од голема важност за задржување на тимскиот дух,а тоа е една од главните заложби на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани