ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ПО ПОВОД 30 ГОДИШНИНАТА НА ЛУКОИЛ ИЗДАДЕНА ЈУБИЛЕЈНА ПОШТЕНСКА МАРКА

{ 29.11.2021 12:11:21 }

​Во Москва се одржа свечена церемонија за пуштање во употреба на поштенска марка посветена на 30-годишнината на ЈАД „ЛУКОИЛ“. На свеченоста присуствуваа претседателот на компанијата Вагит Алекперов и претседателот на Управниот одбор на „Марка“ АД Олег Духовницкиј.

Вредноста на поштенската марка со слика од семејството на работниците од нафтената индустрија со инфраструктурните објекти на Компанијата и интерактивниот павилјон „Нафта“ на ВДНХ во позадина, изнесува 60 рубљи и е отпечатена во тираж од 108.000 примероци. Дизајнот го креираше Сергеј Улјанов, еден од водечките сликари на поштенски минијатури.

Поштенската марка ја испечати компанијата „Марка“ АД и денес беше пуштена во продажба, низ поштите во Руската Федерација и мрежата на салони  „Колекционер“. Поштенските марки посветени на 30-годишнината на ЛУКОИЛ може да се користат за испраќање поштенска кореспонденција во Русија и во странство.

Традиционалното печатење на државни симболи за поштенско плаќање се посвететуваат на големи историски настани, познати личности и компании значајни за руската економија.


  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани