ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Познат добитникот на главната награда од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија

{ 18.01.2022 13:37:19 }

Големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија „ЛУКОИЛ Клуб Авантура„ заврши, но за добитникот на главната награда АТВ возило авантурите допрва почнуваат. Александар Јанев од Скопје е среќниот добитник на главната награда АТВ возило кое му беше доделено  на бензинската станица „Македонски Фолклор„ во населба Автокоманда.

„Искрени честитки до г-динот Јанев,  верувам дека неговото АТВ возило ќе му донесе нови искуства, нови авантури и уживање. ЛУКОИЛ Клуб Авантура беше нашата овогодишна наградна игра со која уште еднаш сакавме да ја изразиме нашата благодарност и почит кон сите наши верни потрошувачи. Да се биде член во ЛУКОИЛ Клуб програма за лојалност е да се биде член во едно големо семејство за кое ЛУКОИЛ Македонија постојано се грижи обебедувајќи пред се квалитетни горива, овозможувајќи одлична услуга, одлично корисничко искуство но и многу поволности и бенефити во текот на целата година. Им  честитам на сите добитници во наградната игра, ги поздравувам сите корисници на нашите бензински станици и им посакувам успешна година која следи.„ – изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

„Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата радост. Јас сум редовен корисник на услугите на ЛУКОИЛ бензинските станици, го користам нивното најквалитетно гориво, учествував во наградната игра со неколку сметки и ете, ја имав среќата токму јас да бидам добитник на големата награда. Знам дека ова возило ќе ми донесе многу забава и радосни моменти. На ЛУКОИЛ Македонија им благодарам од сè срце, останувам да бидам нивен верен корисник, се надевам дека и други ќе го следат мојот пример и ќе станат членови на ЛУКОИЛ програмата за лојалност.„ – рече добитникот на главната награда г-дин Јанев.

Во наградната игра „ЛУКОИЛ Клуб авантура“,во пет извлекувачки кола во ноември и декември 26  верни корисницина ЛУКОИЛ Македонија добија вредносни ваучери за гориво а главната, 27 награда е  доделеното АТВ возило.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани