ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ОДРЖАНИ ШЕСТИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ НА БАЛКАНСКАТА МЕЃУРЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА „ЛУКОИЛ“ ВО ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА

{ 18.04.2022 17:23:15 }

Во периодот од 7 до 10 април  2022 година во Врњачка Бања, Србија, беа одржани шестите спортски игри на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ.  Во него зедоа учество 150 вработени од „ЛУКОИЛ Србија“, „ЛУКОИЛ Хрватска“, „ЛУКОИЛ Македонија“, „ЛУКОИЛ Црна Гора“ и „ЛУКОИЛ Бугарија“.

Раководителот на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ, Денис Рјупин, кој свечено ги отвори игрите, истакна дека со организација на овој вид настани се поттикнува позитивниот дух на вработените преку натпреварување и дружење. Воедно, на сите учесници им посака многу победи, успех, спортски дух и чесно натпреварување.

Вработените се натпреваруваа во повеќе дисциплини: фудбал, баскет, брзо шутирање тројки, народна, одбојка, пинг-понг, пикадо, игри без граници во машка, женска и мешана конкуренција.

Тимот на „ЛУКОИЛ Македонија“ се покажа во најдобро светло со освојување на првото место во главните дисциплини фудбал, баскет и брзо шутирање тројки. Во вкупниот пласман, тимот на „ЛУКОИЛ Србија“ беше победник, а потоа со неколку бодови разлика  следат  тимовите на „ЛУКОИЛ Бугарија“, „ЛУКОИЛ Хрватска“, „ЛУКОИЛ Македонија“ и „Црна Гора“. Најдобар натпреварувач  што учествуваше во најголем број спортови во машка конкуренција од екипата на „ЛУКОИЛ Македонија„ беше Гоце Мојсоски. Во духот на натпреварувањето, награда за фер плеј  доби тимот на „ЛУКОИЛ Црна Гора“.

Овој вид настани се од голема важност за задржување на тимскиот дух, а тоа е една од главните заложби на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани