ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ЈА ОТВОРИ СВОЈАТА 37-ТА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО ЗЕМЈАВА

{ 18.08.2023 09:33:13 }

„ЛУКОИЛ Македонија“ отвори нова бензинска станица, лоцирана на автопат Е65, на излез од Скопје кон Тетово, после патарина Глумово. Бензинската станица, која е 37-та за ЛУКОИЛ во земјава која e изградена според новиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ-автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица ќе понуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани