Најдобар во својата професија
вторник, 01 септември 2015
Согласно одлуката на управата на Компанијата на 24-27 август 2015г. во УФА, Руска Федерација се одржа Осмиот конкурс за професионални знаења и умеења на вработените од Компанијата ЛУКОИЛ „Најдобар во својата професија„.На овој меѓународен конкурс учествуваа нашите учесници Александар Рунтевски и Милена Богдановска кои продемонстрираа високо професионално знаење и докажаа дека во Лукоил Македонија работат вистински професионалци во својата професија.
Раководството на Компанијата изрази благодарност за учеството во конкурсот и надеж дека високиот професионализам кај нашите вработени секогаш ќе биде гаранција за стабилен развој на Лукоил Македонија.