Најдобар во својата професија
понеделник, 22 јуни 2015
Во текот на месец мај во "Лукоил Македонија" беше одржана првата фаза од натпреварот за изборот "Најдобар во професија" во следните професии:
- Оператор на бензинска пумпа (работа при прием и евиденција на нафтени деривати)- Оператор на бензинска пумпа (работа во маркет на бензинска пумпа - продавач)
На натпреварот, во овие две специјалности, учествуваа вкупно 51 натпреварувачи, по двајца учесници од секоја бензинска станица. Натпреварот се состоеше од два дела:
- Во првата фаза на конкурсот натпреварувачите беа тестирани за познавање на правилата и стандардите на компанијата, работење согласно утврдениот правилник за дополнителен асортиман и мерчедајзинг.- Втората фаза од натпреварот беше практичен на кој натпреварувачите ги покажаа своите знаења за работа при одредена температура и густина на нафтени деривати и начин на оформување на документацијата како и начин на давање на услуги на клиентите на бензинските на ЛУКОИЛ.
Конкурсот "Најдобар во Професија" во "Лукоил Македонија" се одржа по трет пат. Во 2011 година, "Лукоил Македонија" учествување на Шестиот конкурс на професионалните вештини на организации на Групацијата "Лукоил", "Најдобар во професија" во Волгоград, во 2013 година на седмиот во Нижни Новгород.
Според резултатите од конкурсот за најдобар во својата професија оваа година беа:- Оператор на бензинска пумпа (работа при прием и евиденција на нафтени деривати):
- Александар Рунтевски- Борче Јаковлески
- Георги Велески- Оператор на бензинска пумпа (работа во маркет на бензинска пумпа - продавач)
- Милена Богдановски- Викторија Трајкоска
- Каролина ЈаковлескаНајдобрите претставници во месец август ќе ја претставуваат "Лукоил Македонија" на осмиот конкурс кој ќе биде одржан во градот Уфа.