ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Вработените во ЛУКОИЛ со државни професионални и корпоративни награди

{ 03.05.2015 00:00:00 } Во пресрет на одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот, во Москва на свечена церемонија им беа доделени државни, професионални и корпоративни награди на работници на компанијата „Лукоил".

За големиот придонес во развојот на енергетскиот комплекс на Русија и на компанијата,  од страна на  началникот  на управата на претседат​​елот на Руската Федерација за државни награди Владимир Осипов и претседателот на Компанијата ЛУКОИЛ  Вагит Алекперов му врачија „Орден за дружба" на генералниот директор на „Лукоил Македонија" и раководител на Балканскoто МРО Андреј М. Куку.

Медал „За заслуги пред татковината" втор степен беа доделени на вице претседателот за даноци ОАД „ЛУКОИЛ" Владимир Василев и генералниот директор на  "ЛУКОИЛ-Ценатр Нефтепродукт" Владимир Дмитриев.

Со почесна титула  „Заслужни вработени во  нафтената и гасната индустрија на РФ" се здобија работници на „Лукоил Западен Сибир ", Сергеј Илшат Давлетов и Сегеј Шестериков. Доделени се од страна на Министерството за енергетика, почесни дипломи и писма на благодарност на тр​​инаесет вработени во Компанијата.

- Особена важност на врачувањето на овие награди дава претстојниот празник - 70 годишнината од победата во Големата татковинска војна. Наф​​тените работници на СССР дадоа значаен придонес за оваа благородно дело.  Наградите, кои беа доделени на вработените на Лукоил, се уште една потврда за високиот професионализам и важноста на работници во енергетскиот сектор, изјави Владимир Осипов.

Вагит Алекперов меѓу другото нагласи дека компанијата денес им помага на повеќе од 2.000 ветерани поранешни вработени во компанијата „Лукоил" кои учестувале во  Големата татковинска војна. 
  • Вест во формат PDF