Избрана е среќната добитничка на Hyundai Venue од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија
четврток, 21 декември 2023
Заврши наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија „ИГРАЈ ЗА HYUNDAI VENUE И 120 НАГРАДИ ЗА ПАТУВАЊЕ И КАМПУВАЊЕ“. Елеонора Гаштевска, од с. Цапари, Битола е добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue. Денеска, на БС ЛУКОИЛ Првомајска, во Скопје, свечено беше доделен автомобилот Hyundai Venue. Клучевите веќе се во рацете на најсреќната Елеонора.
„Годинава ЛУКОИЛ Македонија е нашиот Дедо Мраз! Подобар подарок и поголемо изненадување не можевме ни да замислиме. Веќе ги имам клучевите во рака, но сè уште се прашувам дали ова навистина мене ми се случи. Пресреќна сум! За мене ова е навистина голем ден! Пред Новогодишните и Божиќните празници би сакала да им посакам на сите да се надеваат и да веруваат, зашто среќата се случува кога најмалку ја очекуваме. И благодарност од срце за ЛУКОИЛ Македонија кои мислат и нас потрошувачите и ја ценат лојалноста” – изјави добитничката на главната награда Елеонора Гаштевска.
Наградната игра започна на 15 јуни, а заврши на 15 декември 2023 година. Во тој период беа изведени вкупно 6 извлекувања и беа доделени 120 награди на исто толку среќни добитници. Најголемата среќа во оваа наградна игра ја имаше Елеонора од с. Цапари, Битола - добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue.
ЛУКОИЛ Македонија изразува огромна благодарност до сите што учествуваа во наградната игра и им ги честита Новогодишните празници на сите граѓани на Македонија.