ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ОТВОРИ НОВА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ

{ 03.08.2023 16:16:38 }

Денес, беше пуштена во употреба новата и модерна ЛУКОИЛ бензинска станица во Кочани. Ова е трета ЛУКОИЛ бензинска станица во регионот, која е лоцирана на експресниот пат А3 Кочани – Штип. Новата бензинска станица се наоѓа на ул. „Мите Стојчев” бр.41 Тркање.

Бензинската станица е повеќенаменски комплекс изграден според корпоративниот стил на компанијата. Потрошувачите ќе може да се снабдат со висококвалитетното гориво ЕКТО кое е економично бидејќи со ЕКТО се возат повеќе километри, но и поради подобрените еколошки својства. Достапен е и ТНГ- автоплинот, како и маслата од палетата на ЛУКОИЛ.

Бензинската станица во Кочани, која е 36-та по ред во земјава е исто така идеално место за пауза – располага со простран паркинг за возила,  модерна летна тераса и одлично кафе.  Ќе добиете и комплетна услуга скроена за вашите потреби – одлично снабден маркет со широк асортиман на производи, аксесоари за автомобили и професионални и љубезни вработени.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани