РЕНОВИРАНИ БЕНЗИНСКИТЕ СТАНИЦИ ВО ПРИЛЕП И БИТОЛА СОГЛАСНО НОВИОТ КОРПОРАТИВЕН СТИЛ НА ЛУКОИЛ
понеделник, 13 март 2023
ЛУКОИЛ Македонија ги реновираше и модернизираше бензинските станици во Прилеп на ул. Моша Пијаде бр. 286 и Битола на ул. Владимир Назор бр. 2, според новиот корпоративен стил на ЛУКОИЛ.
На бензинските станици во Прилеп и Битола потрошувачите можат да се снабдат со брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, гориво кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, широк спектар на масла од палетата на ЛУКОИЛ, голем избор на дополнителен асортиман во маркетите, wi-fi, вкусно кафе и многу други поволности.