ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Започна големата наградна игра на „ЛУКОИЛ Македонија”

{ 26.03.2024 15:28:43 }

Започна големата наградна игра “Играј за Hyundai Venue и 120 други награди за патување и кампување” на „ЛУКОИЛ Македонија”. Годинава, најсреќниот добитник ќе вози Hyundai Venue, но има уште 120 други награди за патување и кампување кои ќе припаднат во рацете на среќните добитници, како СУП даски, кровни куфери, шатори, лулашки, маси за кампување, торби за ладење и ваучери за ЕКТО гориво. Сите овие награди ќе бидат доделени во периодот од 15.06.2023 година до 15.12.2023 година.

Учество во наградната игра можат да земат сите потрошувачи на „ЛУКОИЛ Македонија”, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе направат сметка во вредност од најмалку 1000 денари и ќе испратат СМС порака на бројот 142 241, со следнава содржина: БРОЈ НА ФИСКАЛНА СМЕТКА (празно место) ДАТУМ НА ИЗДАВАЊЕ (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ (пример на формат за СМС порака:12345 15.05 16:03:23).

Извлекувањето ќе биде по случаен избор, еднаш во месецот, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 18.12.2023 година ќе биде извлечен добитникот/чката на главната награда – возило Hyundai Venue. Во секое месечно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од  еден месец меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда. Добитниците на наградите од секое коло ќе бидат објавени на веб страната на ЛУКОИЛ Македонија, а добитникот/чката на главната награда и во дневниот весник „Нова Македонија“.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани