Оваа Политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, како и за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница и/или кога користите некоја од нашите услуги. Ние во ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ја оствариме нашата дејност согласно законите, а притоа да Ви ги обезбедиме најдобрите искуства и услуги.
Со пристап до нашата веб-страница потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се сложувате со сите услови на доверливост и безбедност на обработка и користење на личните податоци. Вашите лични податоци како што се: име и презиме, адреса, телефонски број или адреса за е-пошта не се собираат со прегледување на нашата службена веб-страница. ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ се обврзува дека без изрична согласност нема да ги пренесе личните податоци на трети страни, освен во случаите кога тоа е потребно за извршување на обврски во согласност со законските прописи поврзани со дејноста на примателот. Во согласност со важечката законска регулатива и по барање на надлежните државни органи, може да бидат доставени одредени или сите собрани информации.
Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да нѐ контактирате?
Контролор на личните податоци е ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, со седиште на бул. Партизански одреди бр.18, 1000 Скопје, Република Северна Македонија. Можете да нѐ контактирате преку е-пошта: lukoilmacedonia@lukoil.com.mk
Веб страна: www.lukoil.com.mk
Телефон: +389 2 3293 033 | +389 2 3293 021
Лични податоци кои ги собираме и начинот на кој ги користиме
Ние собираме и користиме лични податоци доколку сте во работен однос во Лукоил Македонија, доколку се пријавите на оглас за вработување, доколку ни се обратите по електронски пат, доколку сте членови на нашата програма за лојалност „Лукоил клуб“, ги посетувате нашите службени простории и подружници, користите услуги во нашите подружници, сте вклучени во маркетинг активности за што е потребна Ваша согласност, доколку сте одбрале да добивате информации и новости тогаш Вашата е-адреса ќе се користи исклучително за да се пратат новостите лично до Вас и ќе можете да се „исклучите“ (Opt in/Opt out) во било кое време при што Вашата е-адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци, или стапувате во било каква друга релација со Лукоил Македонија за која е неопходно собирање и користење на лични податоци.
Kолачиња
Доколку ја посетувате нашата веб-страница, користиме колачиња за да обезбедиме нејзино правилно функционирање, анализа на сообраќајот и подобрување на корисничкото искуство.
Период на чување
Периодот на чување на личните податоци се разликува во зависност од видот и целта на обработката на личните податоци. Податоците базирани на доброволна согласност се чуваат сѐ до повлекување на согласноста.
Безбедност на податоците
Безбедноста на Вашите лични податоци за нас е сериозна задача и и применуваме соодветни мерки за да ги заштитиме од неовластена обработка, пристап, губење, уништување или оштетување.
Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Јелена Цветковиќ Икономова на е-пошта dpo@act.com.mk
Измени и дополнувања на Политиката за приватност
Оваа Политика за приватност може да се измени или дополни во кое било време. Вие ќе бидете информирани за какви било промени на оваа интернет страна и преку е-пошта во случај на значителни измени кои би имале влијание врз обработката на личните податоци.
Materials List
-
1. Политика за приватност
-
2. Барање за бришење на лични податоци
-
3. Барање за исправка на моите лични податоци
-
4. Барање за ограничување на обработка на моите лични податоци
-
5. Барање за пристап до информации за обработката на личните податоци
-
6. Изјава за приватност при вршење на видео надзор